Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд, Светската програма за храна на Обединетите нации и Светската трговска организација повикаа на итна, координирана глобална акција за решавање на проблемите со безбедноста на храната, со повик да се избегнат забраните за извоз на храна или ѓубрива.

Во заедничката изјава на лидерите на четирите организации се предупредува дека војната во Украина дополнително го зголемува притисокот врз милиони луѓе ширум светот кои веќе се загрозени од пандемијата на Ковид-19, климатските промени и други воени конфликти, пренесува Ројтерс.

Значителните зголемувања на основните прехранбени производи и недостигот вршат дополнителен притисок врз домаќинствата, се вели во соопштението, во кое се нагласува дека најсиромашните земји се изложени на најголеми закани, иако средно развиените земји брзо стануваат ранливи.