Една мала балтичка земја успеа целосно да ја прекине зависноста од рускиот гас. Но, патот беше долг и скап …
Овој април, Литванија беше меѓу првите земји во Европа која целосно го прекина увозот на руски гас. „Ако можеме да го направиме тоа, тогаш може и остатокот од Европа“, рече тогаш претседателот Гитанас Наузеда на социјалните мрежи. Сепак, како што додаде, овој успех дошол по долгогодишна подготовка.
Поточно, во 2014 година, целиот гас кој се користел во Литванија доаѓал од Русија. Сепак, тоа не беше голема количина на овој извор на енергија, ако се земе предвид дека малата балтичка земја има само 2,8 милиони жители. Затоа Литванија троши околу 2,86 милијарди кубни метри гас годишно, што веројатно не е голема работа за руските производители.
Деценија пред тоа оваа земја влезе во ЕУ и НАТО. Како што видовме, Русија не е најсреќна кога нејзините соседи се осмелуваат да го направат овој чекор, а потенцијалната закана за Литванија дополнително беше поставена од фактот што таа е ставена во сендвич меѓу Руската Федерација и Калининградската област.
Поради сето горенаведено, малата балтичка земја реши, ако ништо друго, барем да се обиде да биде што е можно понезависна од својот голем сосед. Така заедно со Естонија и Летонија почна да ги задоволува своите енергетски потреби од Европа.
За овие потреби вложила голема сума пари во изградба на фабрика за течен гас. Парите ги добила од Европската инвестициска банка, а добавувачи за овој извор на енергија нашла во Скандинавија.
До 2019 година, уделот на рускиот гас на нејзиниот пазар падна на 45 отсто, а норвешкиот гас се искачи на 54 отсто. Затоа успеа да го прекине увозот на гас од соседната земја по избувнувањето на војната во Украина, пишува њујоршкиот портал „Кварц“.
„Барајќи целосна енергетска независност од рускиот гас, како одговор на руската енергетска уцена во Европа и војната во Украина, Литванија целосно го прекина снабдувањето со руски гас – транспортниот персонал на Литванија работи без увоз на руски гас од почетокот на овој месец“, соопшти тамошното Министерство за енергетика.