Рускиот енергетски гигант Гаспром, кој извезува гас од Русија, утринава објави дека продолжува да испорачува руски гас во Европа „во согласност со барањата на клиентите“.
„Денес, барањата за ресурси кои доаѓаат од Европа се зголемени“, соопшти Гаспром, додавајќи дека гасоводот што минува низ Украина сè уште е во функција.
Најавата на Гаспром се совпаѓа со зголемените барања Западот целосно да ја прекине зависноста од руската енергија, пред се од нафтата и гасот.