Крипто банката Nexo соопшти дека се здружила со глобалната компанија за плаќања Mastercard за да ја лансира во среда, како што ја нарекува, првата платежна картичка во светот со „крипто-поддршка“. Најновиот потег на крипто и актуелните финансиски мрежи да ги здружат силите се случува додека дигиталните средства стануваат сѐ по мејнстрим.

Од Nexo изјавија дека картичката, првично достапна во одредени европски земји, им овозможува на корисниците да трошат без да мора да ги продаваат своите дигитални средства, како што е биткоинот, кои се користат како колатерал за поддршка на доделениот кредит. Повеќето традиционални кредитни картички се необезбедени и имаат одреден кредитен лимит.

Картичката е поврзана со кредитна линија обезбедена од Nexo, поддржана со крипто и може да се користи кај 92 милиони трговци ширум светот каде Mastercard е прифатена, овозможувајќи им на инвеститорите да потрошат до 90% од фиат вредноста на нивните крипто средства, соопштија од Nexo.