Иако нашата земја може да се пофали со голем број на млад амбициозен кадар кој секојдневно се залага за свој допринос во општеството, реалната слика на нашата држава е дека најголем дел од младите, својот излез за подобра иднина го бараат надвор.
Како главни причини за заминување ги посочуваат подобрувањето на квалитетот на животот,
подобрите деловни можности, како и поквалитетното образование. За таа цел, здружението Про Локал од Битола како едно од ретките во Македонија, кое работи на подобрување на условите за живот на граѓаните, низ активности, а во партнерство со уште 9 локални граѓански организации и со поддршка од Амбасадата на Холандија во земјава, преку МАТРА Програмата се вклучија во реализација на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија/Empowering people of Pelagonija“. Во проектот за зајакнување на младите во седум рурални општини во Пелагонискиот регион, вклучени се педесеттина млади од регионот кои работат со цел да ги разберат и практикуваат принципите на доброто владеење.
Во рамките на проектот здружението Про Локал од Битола организира интензивни и партиципативни работилници, дебати и игри зa мотивација кои се само дел од алатките преку кои ги обучуваат младите за активно учество во креирање на политиките на локално ниво. Целта на овој проект е да им помогне на младите да осознаат преку практични примери, преку учество во работењето на општините и Советите, како да ги реализираат нивните идеи.
Општините во пелагонискиот регион потпишаа Меморандум за транспарентност и учество на
младите во нивното работење и дополнително ги поддржуваат, административно и финансиски,
при имплементацијата на 7 под-проекти од мал обем кои се директен резултат на младинските
идеи.
До крајот на септември оваа година, во Пелагонија, со дополнителна финансиска поддршка и од проектот „Зајакнување на младите од Пелагонија“ ќе бидат отворени две Фитнес Зони за рекреација на отворено, во Могила и Новаци, ќе бидат уредени 2 паркови во Демир Хисар и Кривогаштани, ќе биде уредено спортското игралиште во Лажани, општина Долнени, ќе биде
опремено „Кино на отворено“ во Крушево а во Преспа ќе се формира Младински Хаб за
промоција на туризмот.
Во рамките на проектот ќе бидат пренесени и ЕУ искуствата и позитивните практики за
вклучување на младите во работењето на локалната заедница. Академијата за локално владеење
од Хаг, во мај ќе одржи четиридневен тренинг за 50-те млади но и за претставниците на општините и локалните граѓански организации пренесувајќи го своето искуство и знаење за граѓанско учество во ЕУ но и во помладите демократии.
Про Локал ја креира оваа регионална платформа за соработка со силна вклученост на младите кои
секојдневно живеат со предизвикот за унапредување на можностите, со цел да останат и работат
во своите локални заедници. Проектот има формат на Академија за млади лидери инвестирајќи
во нивното знаење и вештини за активно учество во јавниот живот.
Иако многу фактори кои се однесуваат на јавните институции, законите и државниот систем не
можат да бидат под влијание на индивидуално ниво, има и такви кои можат да се променат. Toa
се сопственото опкружување и разбирање на понудените алтернативи.
Овој проект доколку се отслика на национално ниво со неговата имплементација и реализација биимало голема придобивка за сите млади кои сакаат да вложуват во нивниот раст и развој во Македонија. Иститот треба да биде апел и за останатите организации во државата, да вложуваат во младите кои се движечка сила во нашата земја, сѐ со цел да се задржи добар и квалитетен кадар. Развојот на кариерата, стекнувањето неформално образование и отворањето можности на новиот пазар на труд, се категории на кои може да се работи. Со континуирана обука и добар избор на
насока која ќе донесе профит во иднина, можно е да се сврти ситуацијата на подобро, а тоа би
било мотив за младите да останат да вложуваат во својата земја.