Од ребалансот на буџетот кој министерот го најави очекувам дека повторно ќе биде иста приказна ќе страдаат капиталните инвестиции. Имаме општествен консензус дека тоа не треба да биде така и не треба да ги заборавиме структурните реформи кои ќе ги финансираме во голема мера преку капиталните инвестиции на државата, изјави универзитетскиот професор Марјан Петрески за „Анализа 24“ на ТВ 24.

Тој истакна дека кај капиталните инвестиции има и проблем што на нереално проектирање и затоа при прв ребаланс на буџетот тие се прва категорија од која се крати.
Петрески изјави и дека со новиот ребаланс на буџетот ќе се зголеми притисокот за плати, но ќе видиме и зголемено проектирање на буџетскиот дефицит.

Очекувам и дека притисокот за платите ќе биде нагорен во целиот овој период. особено може да биде голем зависно како ќе се одговори на барања на на СОНК.

Очекувам и дека ќе видиме зголемено проектирање на буџетскиот дефицит кое нема да биде така мало и тоа не доведува до новото задолжување.