Веќе повеќе од 24 часа електронскиот систем за јавни набавки е недостапен, доколку се обидете да се логирате или да пристапите на https://www.e-nabavki.gov.mk/ единствено нешто кое ќе го добиете е поораката:
Поради сериозни технички проблеми со инфраструктурата, сервисот во моментот е недостапен, по надминување на проблемот ќе бидете информирани.
Сите рокови (јавни отворања/крајни рокови/аукции) ќе бидет продолжени соодветно, согласно со Правилникот за начинот на користење на Електронскиот систем за јавни набавки (Сл.Весник на РСМ бр. 64/19 и 271/19).
Се шпекулира дека се работи за нов хакерски упад кој во овој случај би бил многу посериозен и поопасен од досегашните, меѓу другото, во системот за јавни набавки се наоѓаат сите информации за сите претходни набавки на ситурносни системи и лиценци, до кога се активни итн. што значи дека во моментов севкупниот информатички сектор и јавната администрација е под огромна закана за идни и уште поопасни напади од хакерските групи.