“Прв дојден – прв услужен“ и воведување на квота од 5% опфатеност на Ромите, учество на младите лица до 29 години со најмлаку 30% – ова се новите критериуми во новиот Оперативен план за вработување за 2022 та година, пишува Порталб. За оваа година предвидено е рекордно највисок износ од 28 милиони евра за отворање на нови работни места за таргетирана група невработени.
Вработување на младите – најдлабока стапка на невработеност кај лицата до 24 години
Од вкупниот број на невработено работоспособно население 63,3% се на возраст од 25 до 49 години а 16,6% се на возраст од 15 до 24 години. Останатите 20% се на возраст поголема од 50 години. Според сумираните податоци на Заводот за статистика за 2021 година и натаму најдлабока стапка на невработеност од 36,4% има кај лицата до 24 години и таа во споредба со 2020 та е зголемена, кога изнесувала 35,7%.
Стапка на невработеност 2021
Од 15 до 24 години 36,4%
Од 25 до 49 години 15,0%
Од 50 до 64 години 12,2%
Извор: ДЗС
Новиот оперативен план за вработување за годинава тежи 28 милиони евра а планирано е да се вработат и обучат околу 15 000 лица. Во голем дел од мерките опфатени се и младите луѓе до 29 години. Една од опциите е Програмата за самовработување преку која се нуди пристап и до скоро 10 000 евра, грант средства. Но доколку во рок од две години новооснованата фирма се затвори или на корисникот на грантот му престане работниот однос ( освен во случај на неспособност или смрт) тогаш парите ќе мора да се вратат во износ од 60% до 80% а лицето го губи правото да се врати во евиденцијата на невработени во период од 3 години.
Една од мерките која предвидува вработување на 1 528 лица е “Поддршка за креирање на нови работни места“ а со оваа програма се опфаќаат повеќе категории на невработени како и оние кои ја изгубиле работата поради Ковид кризата. Фирмите кои сакаат и можат да креираат работни места ќе добијат конкретна финансиска поддршка.
“19 000 денари вкупно месечно како субвенција на плата на вработено лице 3,6 или 12 месеци“ – се наведува во Оперативниот план. Но и овие средства се условени со задржување на работникот во определен период, фирмата да нема финансиски загуби, навреме да ги плаќа обврските кон државата.
Годинава продолжуваат и мерките за финансиска поддршка на обуки, особено на млади лица како што се обуки за напредни ИТ вештини, кои се планирани за невработени до 34 години, со опфат на 424 лица од евиденцијата на невработени, обуки за графички дизајн со опфат на 53 лица и други.
Една од мерките со која се таргетираат невработени лица со ниски квалификации е “Програма за работно ангажирање“ преку која се планираат 1000 нови вработувања. За прв пат се воведе и програмата за креирање на нови работни места преку “Зелени инвестиции“ а висината на грантовите се движи од 205 000 денари до 615 000 денари во зависност од бројот на вработени.
И според податоците од Агенцијата за вработување младите се меѓу најбројните на листата невработени, па така заклучно со 31 во март годинава биле регистрирани 10 917 невработени на возраст од 20 до 24 години и 12 115 на возраст од 25 до 29 години – или на возраст од 15 до 29 години на крајот од март биле евидентирани вкупно 25 134 лица.
Број на невработени според возраст ( 31.03.2022)
Од 15 до 19 години 2 102
Од 20 до 24 години 10 917
Од 25 до 29 години 12 115
Од 30 до 34 години 12 275
Од 35 до 39 години 11 809
Извор: АВРМ
Вкупниот број на невработени според АВРМ изнесува 125 907 лица – со оглед на тоа што со Оперативниот план се предвидува опфат на 15 000 невработени или нецели 12% од невработените. Реализацијата на мерките од Оперативниот план за 2021 та изнесува 94,6% а со мерките биле опфатени 11 292 невработени лица при што 100% искорстување имало кај мерките “самовработување“ и “обуки за развој на дигитални вештини“. Новиот Оперативен план за 2022 веќе е на сила а пакетот мерки за намалување на невработеноста се спроведуваат веќе 12 години. И покрај тоа што годишно се трошат десетици милиони евра, досегашните анализи од меѓународните институции покажаа дека токму младите се тие кои ја напуштаат земјава – пред се поради економски причини но и поради недоверба во институциите, партизацијата и корупцијата во земјава.
Извор: Порталб