Може да има „огромен“ скок на цените на храната од 37 насто поради инвазијата на Украина, предупредува претседателот на Светска банка Дејвид Малпас. Се очекува рекордните поскапувања да турнат стотици милиони луѓе во сиромаштија доколку кризата продолжи.

„Кога цените растат, сиромашните не можат да си дозволат да купат храна. Луѓето јадат помалку и имаат помалку пари за образование и други нешта“, рече Дејвид Малпас, претседател на Светска банка.

Наместо субвенционирање на производството или ограничување на цените, Малпас предложи државите да работат на зголемување на понудата на ѓубрива и храна, со насочена помош за најсиромашните луѓе.