На редовна седница во текот на изминатава недела Управниот Одбор на компанијата ГД Гранит АД Скопје одлучи да се исплати дивидендата од акумулирани нераспределени добивки остварени до до крајот на декември 2008, односно заклучно со 31.12.2008 година и тоа во бруто износ од 99.724.344 денари.
Исплатата на дивидендата ќе се изврши до последниот ден на септеври годинава, осносно заклучно со 30.09.2022, а бруто износот на дивидендата за една акција ќе биде 36 денари. Оваа компанија, целата добивката за 2021 година на износ од 178.912.655 денари ќе ја распредели во реинвестирање.
Истовремено и ТТК Банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 3. мај година ќе врши исплата на дивидендата за 2021 година.
Право на исплата на дивиденда за 2021 година имаат сите акционери на банката кои се евидентирани во акционерската книга на ден 19.4.2022 година.