Согласно член 77 став 1 од Законот за персонален данок на доход, во законски предвидениот рок Комерцијална Банка АД Скопје на сите физички лица приматели на дивиденда им издаде и им достави Потврда за пресметан и платен данок на дивиденди остварени со учество во добивка од правни лица во 2017 година. Со цел да им излезе во пресрет на акционерите, Банката информира дека издавањето на преписот на потврдите за пресметан и платен персонален данок може да се добие во сите експозитури и филијали на Комерцијална банка АД Скопје со приложување на документ за лична идентификација.