Унгарската компанија Магнус Еркрафт вчера објави дека продолжува да го шири бизнисот во регионот со отворање претставништво за Србија.
Новоотворената компанија во Србија се вика Magnus Balkan d.o.o. а нејзин директор ќе биде Драгана Костадиновиќ, на која ова и е втор ангажман во компанија која се занимава со производство на авиони.
„Со овој чекор ќе можеме поинтензивно да се фокусираме на српскиот пазар, но и на целиот регион. Планот е нашата земја да биде центар на работење и главна локација за развој на бизнисот, поддршка за постоечките и идните сопственици на нашите авиони и други дејности како и за балканскиот регион“, рече Костадиновиќ.
Матичната компанија во Унгарија, специјализирана за производство на лесни спортски авиони, Magnus Aircraft е мултинационална компанија со седиште во Печуј.
Главниот производ на компанијата во моментов е Fusion 212, како и нова, понапредна верзија на Fusion 213 која е во процес на LSA сертификација според стандардите на EASA