Сериозни сомнежи за квалитетот на увозниот семенски материјал имаат земјоделците од струмичко чие раноградинарско земјоделство е десеткувано. Наместо да берат пролетна зелка во очекуваните количини тие се соочени со огромни загуби бидејќи наместо растението да врз плод, тоа цвета.
Ова е дополнителна грижа за земјоделците кои се соочени со ниска откупна цена на зелката и скапи репроматеријали. Дополнително и откупот не е стабилен.
Експерите се сомневаат дека причина за цветањето е семенскиот материјал. Според нив, проблемот најчесто се временските услови.
Изминатиов период земјоделците протестираа за ниските откупни цени на зелката којашто денеови падна на 10 денари за килограм.
Сузана Мицева