Минатата година Европската унија обезбедуваше 15 отсто од електричната енергија од јаглен, а петтина од таа енергија увезуваше од Русија. Забраната за увоз на јаглен е столбот на петтиот пакет санкции на Брисел против Русија, донесен овој месец. Земјите-членки различно зависат од јагленот, па примената на тоа ембарго беше одложена за август.

Иако земјите од Унијата велат дека имаат замена за тој руски енергенс, останува прашањето колку ќе чини?

Најголем увозник на руски јаглен во Европската унија е Германија, потоа Холандија и Италија и Полска, која веќе го забрани транспортот на јаглен од Русија преку својата територија, пренесува РТС. Иако повеќето земји имаат краткорочни договори кои се совпаѓаат со рокот за примена на тоа ембарго, има и членки чии договори се на една година, па веќе се шпекулира – дали суспензијата може да се продолжи до нивното истекување.

Жељко Марковиќ, енергетскиот лидер на Deloitte, вели дека мислењата се поделени – некои велат дека ќе биде потешко да се надомести недостатокот на увоз.

– Што се однесува до јагленот, постои прогноза на Унијата на германски увозници на јаглен дека тоа ќе можат да го направат за два-три месеци јаглен за да се направи таа замена. Од таа причина беше поместена, првично беше забраната за увоз да биде во јуни, а сега е поместена за 10 август – наведува Марковиќ за РТС.

Дека не е лесно да се најде замена за рускиот јаглен покажува примерот на Велика Британија, која за разлика од Унијата, дури на крајот на годината најави прекин на увозот на тој руски енергенс.

Некои земји од Унијата поради енергетската криза го одложија затворањето на термоцентралите, а складиштата за јаглен се испразнети и треба брзо да се полнат за следната грејна сезона, бидејќи цените не стојат.

– Увезениот јаглен, кој сега има забрана за увоз, беше некаде под 60 евра за тон, а сега е повеќе од 300 евра за тон – додава Марковиќ.

Многу земји се веќе финансиски исцрпени, а ситуацијата дополнително ја оптоварува и тоа што покрај јагленот, петтиот пакет санкции опфати и транспорт на стока од Русија и Белорусија.

– Се уште се обидуваме да се справиме со кризата со Ковид 19 и овој дополнителен проблем со Украина и Русија доведе до повисоки цени. Постои можност тоа да доведе до глобална рецесија или можеби само некои локализирани рецесии во одредени земји кои би биле најмногу погодени, како што се Полска, Германија и можеби Италија во Европа, но можеме да видиме дека тоа доаѓа во држави на Обединетите нации“, рече Еран Гусе, Професор по економија на Универзитетот во Кентаки.

Дека сè оди бавно и дека не е лесно да се запазат роковите говори и податокот дека овогодинешниот обем на светската трговија со стоки предвиде раст од 4,7 отсто.

Новата анализа на Светската трговска организација покажува дека ќе се намали на само 3% токму поради санкциите.