Парите се обезбедени преку Швајцарска агенција за развој, преку југоисточен плански регион, а одлука падна, на југоистокот да се изгради „смарт“ велосипедска патека…
Планински велосипедски патеки за поттикнување на планинскиот туризам е еден од главните приоритети што го утврдија граѓаните од југоистокот. Тие наменуваат финансиски средства од 20 милиони денари, обезбедени од Швајцарската агенција за обнова и развој со министерството за локална самоуправа.
Дополнително преку бирото за регионален рамномерен развој обезбедени се дополнително 40 милиони денари за развој на туризмот. Граѓаните од регионалниот форум, побараа повеќе инфраструктурни проекти за повеќе туристи. Градоначалниците исто така имаат можност да одобрат други приоритетни проекти
Регионалниот форум на заедници на кои присуствуваа граѓани од сите 10 општини кој го организира Центарот за развој ЈПР кој ги обезбеди средствата за двете програми од близу еден милион евра.
Стојне Митева