Локалните производители на органски лешници и намази од струшко, кои до 2019 ги освоија поголемиот дел од европските пазари, денес се соочуваат со голема нестабилност. Не можат да обезбедат конкурентна цена за пласман на своите производи. Бараат измени во доделувањето на субвенциите…

Кризата силно ги погоди прехранбената и агро индустријата. Ценовните шокови, рестрикциите во извозот поради пандемијата, намалената продажба најголем удар за малите семејни бизниси.

Локалните производители на органски лешници и намази од струшко, кои до 2019 ги освоија поголемиот дел од европските пазари, денес се соочуваат со голема нестабилност. Не можат да обезбедат конкурентна цена за пласман на своите производи.

„Многу е тешко, особено со пандемијата е многу тешко бидејќи пазарот односно меѓународната наша продажба, извоз беше загрозена. Се случуваше да се откажуваат нарачките па потоа да имаме дополнителни, што значи една голема нестабилност“, вели Бошко Нелкоски производител на органски лешници од Струга Дрслајца.

За поддршка на земјоделието, велат потребни се измени при доделувањето на субвенции од страна на државата. Субвенциите треба да бидат развојни и поттикнувачки за проширување на производството.

„Самите субвенции да не се користат како социјален аспект, него да се користат само за развоен аспект. Ние се соочуваме со еден проблем имаме околу 10 хектари наши насади и во моментот кога ќе ги надминеме субвенциите се намалуваат. Значи ние сме казнети од државата што се обидуваме да се зголемиме“, додава Нелкоски.

Младите земјоделци од струшко последнава деценија се ориентираат кон масовно производство на лешници, бидејќи почвата и климата се идеални. Струшките лешници, со помош на Европските фондови денес се сертифицирани и ги исполнуваат највисоките стандарди.

Соња Рилковска