Околу 40 проценти од германските компании ги чувствуваат последиците од поскапувањето на енергијата, а речиси половина од нив поради планираат да ги намалат вложувањата, пренесува “B92”.

Речиси 90 проценти од компаниите навеле дека веројатно ќе бидат принудени да ги кренат цените, а три четвртини од нив планираат повеќе да вложуваат во енергетската ефикасност, покажала анкетата на институтот “Ifo”, која ја објавил весникот “Augsburger allgemeine”.

Секоја десетта компанија ја разгледува можноста на целосно повлекување од работењето кое троши многу енергија, а 14 проценти од нив ја разгледуваат можноста за отпуштање на работници. Анкетата опфатила 1.100 компании, во главно во семејна сопственост, а ја нарачало Здружението на семејни претпријатија.

„Ни требаат мерки кои ќе ги коригираат нарушувањата во пазарното натпреварување и ќе го сопрат наглиот раст на цените на струјата“, смета Рајнер Киршфорфер, член на управата на здружението.

Германската влада во март објавила пакет мерки вреден околу 16 милијарди евра со кој планира да им помогне на потрошувачите со високи трошоци на енергија и ќе ја намали зависноста од руски гас по рускиот напад на Украина.

Во март тарифите за гас и струја во новите договори за домаќинствата во Германија достигнале високо ниво, а инфлацијата поради наглиот раст на цените на природниот гас и нафта достигнала највисока брзина во последните 40 години.