По веста дека компанијата Тесла била цел на сајбер напад, и дека нивните компјутрери биле користени за копање на криповалути стигна вест и од фабриката дека тоа вест била точна.
Како што пренесува BBC kомпанијата тврди дека облакот на Tesla e компромитиран од напаѓачите. За среќа не се украдени податоците на корисниците. Напаѓачите биле фокусирани на интерни системи на кои инженерите ги тестираат возилата.
Овој напад всушност е Crypto-jacking напад во кој напаѓачите инсталираат свој софтвер за копање на крипто валути на нападнатите компјутери. Така, компјутерите копаат крипто валути за своите нови „господари“, и прилично бавно ги завршуваат сите останати задачи.
„Како шо расте цената на крипто валутите, расте и бројот на овие напади. Она што го гледаме е епидемија“, вели Упа Кембел од RedLock, безбедносна компанија која го откри нападот во Tesla. „Порано беше исплатливо за хакерите да ги украдат податоците на компаниите, но хакерите секогаш го бираат патот на најмал отпор. Cryyptojacking е многу полесно бидејќи влегуваат во околинтата и го користат компјутерот за креирање пари“.