Македонија ќе бара од меѓународниот монетарен фонд најмногу 900 милиони евра како задолжување за надминување на буџетската криза. со овој заем националниот долг би се зголемил од 61 на 63 до 64 отсто од БДП.

Колку пари ќе одобри ММФ ќе се знае до крајот на неделава, откако нивниот тим ќе ја скенира состојбата и ќе оцени дали ги исполнуваме условите.

Министерот за финансии Фатмир Бесими ги завршува пролетните средби со препорака за пристап до линијата за претпазливост и ликвидност на меѓународниот монетарен фонд. станува збор за финансиски инструмент кој ММФ го доделува единствено на земји со здрава економија, кои имаат позитивни оценки за економските политики и очекувања дека тие ќе продолжат и во иднина, вклучително и макроекономска и финансиска стабилност.