Статистиката од Рускиот центар за извоз покажува дека Египет ја премина Кина како најголем купувач на Руски производи. Во 2017, земјата имала увоз на Руски производи во вредност од 1.8 билиони долари, што е за 44% поголемо од претходната година.
Египет инаку е најголем светски купувач на пченица, поради големата потрошувачка да леб во земјата. Русија скоро го зголеми извозот на пченица, пред се поради рекордниот род забележан во оваа година. Извозот на пченица во Египет кој се движи во просек од 4 до 5 милиони тони годишно, се очекува да порасне на 6 милиони тони. Москва и Каиро се во преговори за евентуално Руско учество во конструкција на инфраструктура за земјоделски насади на територијата на Египет. Исто така двете земји ја разгледуваат можноста за склучување на договор за слободна трговија.
Во 2014, Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот Египетски колега Адел Фатах ел-Сиси се договорија за изградба на Руска индустриска зона, која ќе биде дел од новиот проект за Суецкиот Канал. Многу водечки Руски компании планираат да инвестираат повеќе од 4.6 милиони долари во неговата изградба, која се очекува да биде финиширана до 2035 година.