Регулаторната комисија за енергетика во согласност со својата методологија за утврдување на цените, ја донесе најновата одлука за малопродажните цени на горивата во земјава. Според најновите пресметки на РКЕ, цените во земјава повторно ќе поскапат од ноќеска на полноќ и тоа во просек за 2,29 проценти во однос на претходната одлука.
Во согласност со ова, цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за 2,5 денари по литар, додека Еуродизелот поскапува за еден денар.
Со други зборови ова значи дека од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 84 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 86 денари, додека за секој литар Еуродизел ќе треба да се издвојат по 85,50 денари.
Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за речиси 1,6 проценти, а кај дизелот намалување за 1,059 проценти