Вредноста на доларот продолжува да јакне.
Валутата е на ново највисоко ниво за повеќе од две години. Цената на еврото се намали на 1,0725 долари, додека вчера беше 1,0780 долари. Курсот на доларот во однос на јапонската валута јенот се намали од вчерашните 128,35 на 127,55 јени.
Зголемување има и на цената на нафтата. Цената на барелот на лондонскиот пазар скокна за 0,40 отсто, на 102,75 долари, а на американскиот пазар барелот поскапе за 0,33 отсто на 98,87 долари. Средната курсна листа на НБРМ, покажува дека еврото денеска изнесува 61.5490 денари, а американскиот долар чини 56.5344 денари.
Откако почна војната во Украина често се менува вредноста на нафтата, но и на валутите.