Цевководот што минува низ Бугарија, велат од Регулаторна, може да служи како транзитен вод за Северна Македонија со што има техничка можност за непречен проток на природен гас кон земјава, но како што истакнуваат, на крајот од Русија ќе зависи дали ќе се прошири листата на земји кон кои ќе се стопира или ограничи испораката на природен гас.
Според достапните информации со кои располагаме, „Макпетрол“, кој е долгогодишен трговец со природен гас, ги има подмирено обврските кон „Газпром“ навреме, што подразбира стабилна испорака на природен гас. Сепак, состојбата е комплексна и зависи од одлуките што Русија ќе ги донесе, велат од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), во врска со стопирањето на испораката на рускиот гас кон Бугарија и дали тоа ќе се одрази со снабдувањето на гас на земјава.
Цевководот што минува низ Бугарија, додаваат од Регулаторна, може да служи како транзитен вод за Северна Македонија со што има техничка можност за непречен проток на природен гас кон земјава, но како што истакнуваат од РКЕ, на крајот од Русија ќе зависи дали ќе се прошири листата на земји кон кои ќе се стопира или ограничи испораката на природен гас,
Од Регулаторната комисија посочуваат оти во континуитет ја следат состојбата на пазарот со енергенси и во време на енергетска криза секојдневно се обезбедуваат информации од сите чинители на пазарот и упатуваат на нашата легислатива која согласно членот 13, став 7 од Правилата за снабдување со природен гас, потрошувачот е должен „да обезбеди услови за користење на алтернативна енергија“ во случај да нема природен гас.
„Што значи дека сите кои користат природен гас се должни да имаат алтернативно гориво како што е мазут, ТНГ, компримиран природен гас или екстра лесно гориво“,Рускиот енергетски гигант „Газпром“ претходно соопшти дека целосно ја прекинал испораката на гас и за Бугарија и за Полска откако двете земји одбија да почнат да плаќаат во рубли, а и од двете држави соопштија дека добиле официјални известувања од рускиот снабдувач со гас дека испораките ќе прекинат.
По одлуката на Русија да ја суспендира испораката на гас во Бугарија, премиерот Кирил Петков истакна оти суспендирањето на гасот од страна на Русија е уцена и грубо кршење на договорот, но дека снабдувањето со гас за потрошувачите во земјата нема да биде прекинато.