Според соопштението кое го објави Државниот завод за статистика индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен, во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, изнесува 101.9.
Пред се ова зголемување се должи, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен
во секторите: Преработувачка индустрија (9.1%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.0%) и Други
услужни дејности (8.6%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Информации и комуникации (12.2%), Преработувачка индустрија (10.4%) и Стручни, научни и технички
дејности (9.1%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2017 изнесува 35 017 денари.
Во декември 2017 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не зеле плата.