Голдман Сакс го понуди својот прв биткоин кредит како најнов знак дека Вол Стрит навлегува подлабоко во криптовалутите.
Опцијата за обезбеден заем на Голдман му овозможи на заемопримачот да користи биткоин како колатерал за заемот во готовина.
„Неодамна ја проширивме опцијата за обезбеден заем во која позајмивме цврста валутa (ФИАТ) со Биткои, кој е во сопственост на заемопримачот “, изјави портпаролката на Голдман преку електронска пошта за CoinDesk.
„Интересен дел за нас беше структурата и управувањето со ризикот 24-7-365 дена“, рече таа.
Голдман ги следи стапките на другите традиционални финансиски гиганти кои навлегуваат подлабоко во крипто. Минатиот месец, Cowen лансираше единица за дигитални средства, а BlackRock учествуваше во кругот на финансирање од 400 милиони американски долари за Circle што ги создаде стејблкоини USDC, пренесе SEEbiz.
Претходно во четвртокот, се појавија вести дека инвестицискиот гигант во приватниот капитал Аполо Глобал Менаџмент ја ангажирал поранешната извршна директорка на JPMorgan Кристин Мој да биде првиот лидер во стратегијата за дигитални средства.