Последниве години во континуитет се зголемува бројот на работници во угостителскиот, градежниот, автомеханичарскиот и некои други сектори кои заминале или ги подготвуваат документите да заминат на неколкумесечна сезонска работа во странските држави…

Продолжува неколкугодишниот бран многу наши квалификувани работници да заминат на сезонска работа во странство. Колоритот богат, почнувајќи од угостителскиот, градежниот, автомеханичарскиот сектор па се до општи работници. Најголемиот дел одат на привремена работа во Германија и Хрватска, велат од една од најстарите битолски агенции која врши посредување и подготовка на потребната документацијата.

Одливот се чувствува и кај оние кои сакаат да го дооформат образованието. 25-годишна Марија Илиевска пред седум години се запиша на факултетот во Љубљана, на насока германски во комбинација со шведски јазик. Но, по сè приказната ќе има еден друг расплет.

Од агенцијата велат, странците добро знаат да ги препознаат и висококвалификуваните кадри кои немаат високо образование.

За подобро да се снајдат на почетокот од агенцијата која за нашата земја и Република Србија ја има ексклузивната лиценцата за меѓународен доживотен сертификат, помагаат со соодветна обука во познавањето на англискиот јазик.

Стевче Митревски