До 20-ти мај, земјоделците кои сакаат да купат трактор можат да побараат финансиска поддршка од платежната агенција. Право на овие субвенции имаат оние производители кои од ИПАРД или од националната програма за оваа намена не земале пари најмалку 5 години.
До 20-ти мај, земјоделците ќе може да поднесуваат барања за добивање субвенции за набавка на трактори од програмата за рурален развој.
Вкупните прифатливи трошоци по корисник изнесуваат до 3 и пол милиони денари, а парите се исплаќа по принципот на ко-финансирање во висина од најмалку 50 до најмногу 75 проценти од инвестицијата.
Услов е земјоделците да имаат минимум 2 хектари производство на различни или на една земјоделска култура, или минимум половина хектар за одгледување на зеленчук на отворено или на тутун.
На овој повик може да се набават трактори, но, не и приклучна механизација.
Тракторот не треба да биде купен пред потпишување на договорот со платежната агенција.
Барателите кои во претходните пет години купиле трактори преку ИПАРД или Националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој, не можат да бидат корисници на оваа мерка.
Барањата се пополнуваат електронски, се печатат и се поднесуваат до платежната агенција. Оние со ист број на бодови се рангираат според времето и датумот на поднесувањето на електронската апликација.