Претседателот на владата, Димитар Ковачевски и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски одржа работна средба со делегација на менаџментот на канадската компанија „Магна мехатроникс”, предводена од Мајкл Купер, потпретседател на компанијата. На средбата се разговараше за плановите за нови инвестиции на компанијата, од каде нагласија дека разгледуваат неколку опции за отворање на нивната нова фабрика во Европа, а Македонија е високо на нивната мапа. Во моментов веќе се водат интензивни разговори за инвестиција во една од технолошко индустриските развојни зони во земјава.

На разговорите од македонска страна беа презентирани можностите и предностите за инвестирање во земјава, меѓу кои и индивидуализиран пристап во однос на поддршка од државата. Исто така беше истакнато дека приоритет за оваа влада се одржливи и добро платени места. Од македонска страна, беше истакнато дека се очекува стабилноста за инвестиции во земјава преточена преку членството во НАТО, како и добрата и предвидлива деловна клима во земјава да придонесат во донесувањето на конечната одлука, а од компанијата посочија дека наскоро ќе ја завршат процедурата за донесување финална одлука за инвестирање.

„Магна мехатроникс” е дел од корпорацијата „Магна интернешнал” и произведува интегрирани системи од механички и електронски компоненти. Инаку матичната компанија „Магна интернешнал” е канадска компанија која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите најзначајни производители на автомобили во светот.

Оваа компанија од 2001 година, веќе 20 години по ред, континуирано е рангирана на листата Fortune Global 500. Магна се протега на 5 континенти и 28 држави со преку 347 прозводствени операции и 84 центри за развој, инженеринг и продажба со повеќе од 158.000 вработени.

Дирекција за ТИРЗ