Народната Банка на Република Македонија ги објави расположливите ресурси за седум дена.
Во соопштението кое што го објави банката стои дека, на 21 февруари 2018 година, банките пласираа средства во расположливи депозити на седум дена во износ од 13.128 милиони денари, односно 3.483 милиони денари повеќе од достасаниот износ (9.645 милиони денари).
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 0,50%.