Премиерот Димитар Ковачевски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ќе има рекордно зголемување на пензиите.
Тој вели дека ќе има вопоставување на методологија на раст на пензиите.
„Ќе имаме сега историско најголем раст на пензиите кој што не е политички мотивиран, туку кој што е методолошки и не е во изборна година. Истото треба да биде и со платите во јавниот сектор“, порача Ковачевски.