Гасот е единствениот енергенс кој го користат компаниите лоцирани во зоните. Ако запре испораката – ќе престане и производството. Ризик постои, но согласно договорите, во случај на прекин на снабдувањето,  фирмите сами треба да сиобезбедат друг енергенс , вели првиот човек на ТИРЗ Деспотовски.  Состојбата се следи – ако има потреба, државата ќе помогне

Внимателно ја следиме ситуацијата. Знаеме што се случува во регионот и пред се, со Бугарија. Во договорите, она што го имаме како заштитна клаузула за државата е тоа што компаниите се обврзани, во случај на прекин на снабдувањето заради надворешни фактори кои се вон секакво наше влијание, самостојно да си обезбедат натамошно снабдување. Во комуникација сме со компаниите. Внимателно ги следиме ризиците и ако има потреба надлежните институции ќе реагираат, изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ

Руско – украинската криза за сега не ги загрозува постоечките компании. Ниту една не најавила дека ќе ги затвори капацитетит.  Напротив, Деспотовски уверува, има најава за нови инвестиции

-Има и неколку нови договори од оваа година кои се во завршна фаза и кои набрзо очекувам да ги презентираме како нови инвестиции. Но, од постојните компании немаме никаква најава за затворање, додава Деспотовски

Инаку ланската била одлична за компаниите  кои работат во технлошко инсустриските развојни зони. Им растеле приходите, бројот на работници и нивните плати. Сите 34  фирми во буџетот допринесуваат со 32,5 милиони евра, а државата ги помогнала со речиси 12 милиони евра.