„Златните пасоши“ кои ги издаваат некои од земјите во Европа и на Балканот земји во замена за инвестиции се најдоа повторно на пик по војната на Украина и санкциите коишто се воведоа за Русија. По бројните опомени на Европската Унија – Кипар, Бугарија и Малта ја замрзнаа шемата за богатите инвеститори од Русија и Белорусија. Но, се уште постојат стравувања дека постојат можни дупки за злоупотреби. Германскиот весник Шпигел неодамна ги изрази своите стравувања дека во неколку земји на ЕУ, Русите повторно би можеле да станат тамошни граѓани за пари. Иако ваквата пракса за добивање на златни пасоши престана поради војната во Украина, според информациите на Шпигел се уште има начини за мамење. Како една од земјите која што нуди можност за пасош во замена за инвестиции се посочува и Северна Македонија, а слична пракса има и во Црна Гора која ги натурализира странците за инвестиција од 250.000 евра и исплата на уште 200.000 евра.

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука