Пред една недела излезе извештајот на Државниот завод за ревизија, станува збор за извештај кој што ги оценуваше ефикасноста на мерките кои што владата ги даде низ тие шест пакети. Ќе започнам од тоа колку биле неуспешни и во суштина дека владата постојано реагира одпосле. И токму тоа е и првата забелешка на државниот ревизор кој вели во периодот од 18 март до 22 јуни, точно оној ударниот период кога беше корона кризата, кога беше прогласена вонредната состојба, донесени се 250 уредби од кои 43 проценти, односно 108 уредби се некакви измени на постоечките, што вели државниот ревизор дека иако зборуваме за една непредвидлива состојба во исто време тој заклучува дека имаме и отсуство на сеопфатен план, анализа и оценка. Значи отпосле реагираат или воопшто не реагираат, рече таа.
Димитриеска Кочоска потенцираше дека државниот ревизор реагира дека немало никакви критериуми по кои е делена помошта и како владата оценила кои сектори односно дејности се најпогодени од корона кризата.
Понатаму, ревизорот реагира дека немало никакви критериуми или до нив не се оставени никакви критериуми како владата оценила кои се тие дејности, сектори кои што биле најпогодени од корна кризата. Значи ние носевме мерки, 70 мерка во 2022 година з а кои се потрошија еден куп пари, а се направени без притоа да има некаков било каква консултација или писмен документ. Кога го презентираа четвртиот пакет на мерки лицитираа постојано колку тежат пакетите, и стигнаа речиси до една милијарда евра, тогашниот премиер Зоран Заев зборуваше една милијарда евра му дадовме на стопанството, ние кога си зборувавме меѓу нас, си викавме ако дале една милијарда евра, па ние сега Швајцарија ќе бевме, за да на крајот државниот ревизор да каже дека планирани биле за сите шест пакети, а не за четирите кога зборуваме за една милијарда, туку за сите шест пакети. Во две години 576 милиони евра, од кои реализирани имаме 427 милиони евра, притоа станува збор за пари кои што се дадени но бидејќи нема никакви контроли државниот ревизор на различни начини од нивни методологии констатира дека дел од тие средства треба да се вратат во буџетот. И кога ќе се направат сите тие математики помошта не била ниту 427 милиони евра, додаде таа.
Прво ревизорот вели дека немале никаков план, буквалнои кога ќе слушнат дека некој повеќе крева врева дека сака нешто, добро ајде ќе го направиме тоа. Мене повеќе ми личи не дека кој повеќе кревал врева туку дека се правеле мерки за да се задоволат одредени групи. И сега тоа треба некоја сериозна институција да го испита, јас би рекла обвинителството да истражи какви мерки се направени кој ги користел тие мерки. Зошто го зборам ова? Затоа што ревизорот вели нема интегриран систем, кој што ќе ни покаже за секоја една мерка колку средства биле планирани, колку биле искористени, исто така по компанија колку секоја компанија искористила средства по секоја од мерките, значи такво нешто не постои. Врз основа на тоа, вие сега не знаете кој колку пари користел со мерките. Од аспект на контролните механизми никој не контролирал и следел што се случува понатаму, кажа потпретседателката Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска нагласи дека доделени се и 15 милиони евра за помош на државните институции но нема никаков критериум како се прераспределени и која државна институција колку пари добила, напоменувајќи дека се дадени средства за Универзална сала, сервисирање на обврски кои што се направени пред корона кризата, апелирајќи дека Јавното обвинителство треба да го испита целиот случај.
Она што беше позначајно и за кое обвинителството треба да истражува тоа е едно дополнување кое што е направено за месеците ноември и декември за четвртиот пакет каде што се дадени дополнителни 17 милиони евра, од кои 15 милиони евра се дадени за помош на државни институции. Прво ревизорот вели дека тие одлуки никаде не се објавени во службен весник иако била законска обврската да бидат објавени. Понатаму вели дека немало никаков критериум по основа на кои што парите се прераспределувале и колку се распределени, на кое јавно претпријатие, институција или општина. Дадени се пари за Универзална сала, но зошто кога имаме состојба на корона криза, исто така дадени се пари за плаќање и сервисирање на обврски кои што се направени пред период на корона криза. Значи станува збор за многу сериозни работи кои што некој треба да ги испита, децидна е Димитриеска Кочоска.