Пазарот на нафта од утрово бележи пад. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар изнесува 112 долари, што е за 1 отсто помалку од вчера. Цената на нафтата на американскиот пазар изнесува 110 долари за барел, што е зголемување за околу 1 отсто, во однос на истиот период вчера.
Пазарот на криптовалути и утрово е во минус. Вредноста на биткоинот е 33.492 долари, што е намалување за околу 2% во однос на вчера. Другите криптовалути се исто така во минус.
Цената на пченицата има иста вредност како вчера и изнесува 1.108 долари за тон. Цената на пченката е 784 долари за тон, што, исто така, е иста вредност како вчера.