Комерцијална банка – Србија во 2017 година ги продолжи позитивните трендови во своето работење и на крајот на календарската година забележа добивка пред оданочување во висина од 61 милион евра, објави Блиц.
Добивката доаѓа како резултат на унапредувањето на квалитетот на кредитното портфолио, надминување на проблемите со лошите пласмани, порастот на оперативната профитабилност во редовното работење наспроти трендот на намалување на каматните стапки на пазарот, рационализација и унапредување на ефикасноста преку реорганизација на мрежата на филијали, централизација на поддршката и воведување на нови дигитални услуги.
Според висината на акционерскиот капитал, Комерцијална банка и понатаму е меѓу лидерите на пазарот во Србија. Кога е во прашање стабилноста на работењето, банката моментално ја карактеризира натпросечна ликвидност. Доволно говори показателот за адекватност на капиталот кој изнесува 27,9% што е значајно над регулаторниот лимит кој го поставува Народна банка на Србија.
Комерцијална банка е долгогодишен лидер по висината на девизни депозити во Србија и во текот на 2017 година оваа позиција е одново потврдена. Нивото на штедење во банката на 31.12.2017 година изнесува повеќе од 1,6 милијарди евра што јасно укажува на довербата на граѓаните на Србија во Комерцијална банка.
Според нивото на актива, согласно последните достапни податоци на НБС, Комерцијална банка има околу 11% од домашниот банкарски пазар.