„Lloyds Banking Group“ го продолжува трендот меѓу останатите претставници на индустријата и ќе инвестира над 3 милијарди фунти во технологија за период од три години. Ова е дел од нејзиниот нов стратешки план, кој исто така вклучува и откуп на акции од 1 милијарда фунти, објави „Bloomberg“.
Главниот извршен директор Антонио Хорта-Осорио ја опиша инвестицијата како огромен потфат, а како последица на веста цената на акциите на „Lloyds“ порасна за над 2% до 70 фунти за време на берзанското тргување во Лондон.
Од „Lloyds“, исто така, рекоа дека очекуваат подобрување на нето каматната маргина, трошоците и капиталот генериран во 2018-та година. Исто така, во последниот квартал од минатата година, нејзиниот профит беше намален за 20%, останувајќи под очекувањата на аналитичарите.
Сепак, банката забележа раст од 6,5% во приходите. Од податоците за четвртиот квартал станува јасно уште дека соодносот на нејзината потрошувачка-приход е намалена до 46,8% – најнискиот спрема другите големи британски кредитори.
Седум години по преземањето на функцијата 54-годишниот Хорта-Осорио одлучи да ги зголеми инвестициите во технологијата, бидејќи се повеќе корисници користат интернет банкарство. Инвестирањето во дигиталниот сектор, затворањето на гранките и намалувањето на вработените беа само дел од приоритетите на банката пред четири години, кога таа најави дека ќе отпушти 9.000 вработени и ќе даде 1 милијарда фунти за дигитализација.
Сепак, тоа не стави крај на технолошкиот вишок. Во 2016-та година, таа објави дека отстранува уште 3.000 работни места, а пред еден месец го зголемила овој број за уште 1.000.