Во досегашните 26 години постоење, ланецот на маркети „Рептил“, со својот голем асортиман на производи по ниски цени и врвна услуга, докажале дека секогаш се на страната на потрошувачите.

Од денес „Рептил“ брои вкупно 25 маркети ширум нашата земја.Малопродажната мрежа на трговскиот синџир на „Рептил“ маркети се прошири со уште еден маркет во Скопје, а иститот се наоѓа на ул.Драгиша Мишовиќ бр.3, во Карпош.

„Среќни сме што од локален маркет на Рузвелтова, го проширивме нашиот ланец на маркети низ земјата. Овој маркет е 25ти по ред во нашата земја, но сигурно тука не застануваме. Секојдневно ги следиме потребите на потрошувачите и се трудиме максимално да одржуваме највисоки стандарди на квалитет“- истакнуваат од „Рептил“.

По повод отварањето на маркетот, „Рептил“ нуди одлична понуда на производи по супер цени.

Чувствувајте се гордо и пазарете со срце и задоволство!