Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Република Турција во Скопје, организира купувачки мисии за време на претстојните саемски манифестации што ќе се рализираат во мај и јуни 2022 година, и тоа:
1. Купувачка мисија и посета на„Konya Machinery Technologies Fairs” ( İsKON, KONELEX, KONMAK, Konya Sheet Metal Processing Technologies Fair ) – саемска манифестација за машински технологии, што ќе се одржи во Конја, од 11 до 14 мај 2022 година;
2. Купувачка мисија и посета на „MAGROTEX’22“- саемска манифестиација наменета заземјоделска опрема, што ќе се одржи во Мардин, од 12 до 15 мај 2022 година;
3. Купувачка мисија и посета на „DOMOTEX Turkey“ – саемска манифестација за теписи, што ќе се одржи во Газијантеп, од 14 до 17 мај 2022 година;
4. Купувачка мисија и посета на „Cosmetics & Home Care Ingredients 2022“– саемска манифестација наменета за козметика, што ќе се одржи во Истанбул, од 25 до 27 мај 2022 година;
5. Купувачка мисија и посета на„Busworld Turkey 2022“– саемска манифестација заавтобуси, што ќе се одржи во Истанбул, од 26 до 28 мај 2022 година;
6. Купувачка мисија и посета на „Olivtech 2022“ и „Ekoloji 2022 -Organik Ürünler Fuarı“ – саемска манифестација наменета за технологии за производство на маслиново масло, маслинки, како и за винарии и за млечни производи , што ќе се одржи во Измир, од 26 до 29 мај 2022 година;
7. Купувачка мисија и посета на „IDEX 2022“– саемска манифестација наменета за стоматологија и стоматолошка опрема, што ќе се одржи во Истанбул, од 26 до 29 мај 2022 година;
8. Купувачка мисија и посета на „Automechanika İstanbul 2022“– саемска манифестација наменета за автомобилската индустрија, што ќе се одржи во Истанбул, од 2 до 5 јуни 2022 година;
9. Купувачка мисија и посета на „FOTEG İstanbul“– саемска манифестација наменета за технологии за преработка на храна, што ќе се одржи во Истанбул, од 9 до 11 јуни 2022 година.
Во рамките на овие купувачки мисии планиранo е и остварување на билатерални средби со турски компании – извозници, на база на однапред договорени средби (matchmaking). Работен јазик е англиски.
Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција.
Стопанската комора на Северна Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија , ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција.
За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат пријавниот лист на Стопанската комора на северна Македонија и формуларот на Потсекретаријатот за надворешна трговија, дадени во прилог и да ги достават до лицето за контакт најдоцна до роковите наведени во Календарот на саемски манифестации.
За подетални информации во врска Вашето учеството, Ве молиме контактирајте со лицата за контакт: м-р Сања Николова, тел:+ 389 32 44 091, моб: 071/230-452, е-адреса:[email protected] им-р Ивана Крстевска, тел: +389 32 44 051, е-адреса: [email protected].