Развојот на дигиталните сервиси со себе донесе неверојатни предности, како можноста за експресно кратко време да добиете кеш кредит, да нарачате и платите храна која за 30 мин пристига на вашата врата или да работиме од своите домови.

Меѓутоа, црната страна на дигиталната револуција донесе и низа злоупотреби кои како доаѓа времето стануваат се почести и посуптилни.

Некогаш станува збор за хакери кои изнаоѓаат различни начини да најдат слабост на сервисите или да ја злоупотребат нивната функционалност и така да соберат информации кои подоцна ги продаваат на црниот пазар.

Но, има и криминални поединци или групи кои прават обични обиди да стигнат на незаконски начин до добивка. Институциите во финансискиот сектор не се заобиколени од вакви ситуации. Затоа СН Финансии како проактивна компанија, за целиот свој тим организираше специјален тренинг која ја опфати оваа деликатна област.

Тренингот го водеа врвни експерти од областа на заштита на лични податоци, инаку супервизори во Агенцијата за заштита на лични податоци Ѓорѓи Рајчиноски, Мануела Станоевска Стоилкова и Јасминка Ѓорѓиевска Анчевска кои споделија многу информации, совети и практични тактики како до професионална заштита.

„Времето покажува дека и системите некогаш знаат да бидат пробиени, но и ние луѓето се покажа дека често може да бидеме како најслаба карика во тој ланец.
Една мала грешка, покажува слабост на системот кој хакерите или криминалците го користат за да стигнат до пари. Како компанија сметавме дека е важно да не чекаме овие напади да станат чести, за да превземеме мерки, туку да бидеме како компанија проактивни и со нашиот тим да работиме на наша едукација од оваа сфера која ќе ни помогне да бидеме секогаш во безбедната зона со нашите вистински, но и лажни клиенти„ – истакна Христина Ивановиќ Блажевска, заменик директор на СН ФИНАНСИИ.

Инаку, СН финансии е првата финтек комапнија во Македонија основана пред 5 години со домашен капитал и за мошне кратко време, одлично се позиционираше на пазарот, каде што изгради имиџ на брз и квалитетен сервис на полето на кредитирањето, платежните картички, издавањето на гаранции, како и факторинг.