Податоците од Управата за јавни приходи покажуваат дека 90.000 работници се уште ја чекаат априлската плата. Во оваа бројка влегуваат и оние кои работат за минималец од 18.000 денари.

Дел од работодавачите доцнат затоа што аплицирале за субвенции за минимална плата и се уште ја чекаат државната помош, кај дел причините се други основи.

Состојбата со платите во март е нешто подобра, односно над 7.000 работници чекаат да добијат плата за тоа што го сработиле.

Од УЈП веќе ги опоменале овие работодавачи и ако не си ја исполнат законската обврска во утврдените рокови, ќе им бидат блокирани сметките.

Во април, работниците требаше да земат минималец од 18.000 денари.