Со фокус на жените во науката, технологијата, инженерство и математика, државите и вештачката интелигенција, влијанието на „блок-чејн“ технологиите врз индустриите, промените и работните места, предизвикот на присуството на глобалниот пазар, денеска продолжува вториот ден од 11-тиот по ред „Самит Македонија 2025“ кој се одржува во Скопје.

На панел дискусиите учество ќе земат атрактивни имиња од интернационални компании и корпорации и претставници на бизнис асоцијации и организации.

Самитот оваа година со свое обраќање ќе го затвори претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Целосната агенда за денешните учесници и дискусии е достапна на следниот линк.