Во просториите на делегацијата на Европската унија во Скопје денеска ќе се одржи финален настан за проектот ЕРАЗМУС + „Поттикнување на претприемништво со подобрени вештини преку иновативно учење”.

На настанот ќе бидат презентирани резулатите од проектот, а предвидено е и обраќање на директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион – Љупчо Кец Мицковски.Исто така, на овој настан ќе бидат презентирани и прирачникот „Поттикнување на претприемништво преку иновативно учење” и искуството на група ученици – учесници во мобилноста.