Со Законот за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност се воведе задолжителна котација на акционерските друштва. Обврската за задолжителна котација е со рок од 5 години, односно до 30.04.2018 година.
Оваа мерка позитивно влијаеше на пазарот на капитал, особено во делот на свесноста на компаниите за нивните обврски, затоа и се предлага продолжување на рокот на задолжителна котација за период од две години. Во согласност со Законот за хартии од вредност не може да врши порамнување на случени прекугранични трансакции со хартии од вредност, а исто, во моментов банките чувари на имот не можат да ги користат услугите на Депозитарот за порамнување на трансакции со хартии од вредност за своите клиенти.
Министерството за финансии вели дека предложените измени и дополнувања на Законот за хартии од вредност, имаат за цел зголемување на на свесноста на компаниите во однос на нивните обврски за транспаретноста преку продолжување на рокот за задолжителна котација, овозможување на порамнување на прекугранични трансакции преку поврзување на Депозитарот со странски депозитари и овозможување на банките чуваери на имот, кои нудат услуги на чување на хартии од вредност на инвеститори, да бидат директни учесници во постапката на порамнување на трансакциите со хартии од вредност.