Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март годинава, изнесува 31.080 денари и во однос на март лани е зголемена за 10,1%, објави денеска Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4%), Уметност, забава и рекреација (20,2%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19,5%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16,9%), Рударство и вадење на камен (13,5%) и Преработувачка индустрија (7,1%).