Во 12 градинки воспитувачките и другите вработени се уште ги немаат земено априлските плати. Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска вели дека никому нема да му се скратат платите за периодот додека штрајкувале, туку проблемот е во новиот колективен договор. Платите се доставени по стариот договор, па се вратени на корекција, објаснува таа.
Тренчевска беше прашана и за генералниот штрајк што го најавува ССМ за во понеделник. Таа рече дека дијалогот продолжува и дека не бегаат од ветеното.
Сојузот на синдикати на Македонија повторно реагираше со остри критики до министерот за финансии Фатмир Бесими. Тие потсетуваат дека Владата на седницата на која беше утврдено зголемувањето на минималната плата и порача на јавноста дека по ова следува период на усогласување на платите во рок од 6 месеци, па затоа бараат министерот да го почитува законот.