Земјоделците од Струмичко бараат состанок со преработувачите за да се утврдат и договорат цените на индустриската пиперка за да не се повтори сценариото со откупот на зелката.
Васе Митушев од струмичко Куклиш смета дека во услови на криза потребно е однапред да се договарат откупните цени на црвената пиперка.
Трговците апелират на планско и договорено производство и да има доволни количини во контуинитет.
Блажо Витанов вели дека пред месец дена имало проблеми со зелката, но сега зелка се бара на големо, но ја нема.
Земјоделците од Струмичко континуирано реагираат на слаби откупни цени. Вчера производителите на компир од Струмичко Иловица блокираа откупен пункт оти цената се намалила преку ноќ.
Со години се инсистира на планско и договорено производство, но заради немање на доверба, тоа тешко функционира, посебно сега во услови на енергетска криза и кога секојдневно растаат цените, вклучително и на земјоделските репроматеријали.