Времената мерка за ограничување на маржите во малопродажбата, како и во трговијата на голема од денеска не важи. Македонската Влада не ја продолжи оваа мерка.
Како што знаете, до вчера маржите во малопродажбата беа ограничени на пет проценти кај лебот, солта, брашното, маслото за јадење, сувомесните производи, свежото месо и млекото, а на листата беа и јајцата, тестенините, пченицата, сирењето, урдата, овошјето и зеленчукот.
Од Министерството за економија изјавија дека продолжувањето на оваа мерка би можело лошо да влијае на работата на компаниите од преработувачката индустрија и од трговската дејност.