Цените на бензинот од 95 октани и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за денар, за половина денар поскапува бензинот од 98 октани, а дизелот поскапува за 2,5 денари.

Ново поскапување на горивата од полноќ. Цените на бензинот од 95 октани и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за денар, за половина денар поскапува бензинот од 98 октани, а дизелот поскапува за 2,5 денари.

Сега, новата цена на Еуросупер БС- 95 ќе изнесува 110 денари, два денари поскап е Ееуросупер БС-98, новата цена на дизелот ќе биде 102 денари, а на екстра лесното 99,5 денари за литар. Поскапува и мазутот.

Во просек, малопродажните цени се зголемуваат за 1,3 проценти.