Дигитални решенија развиени од старт-ап, микро и мали ИКТ компании, што се погодни за дигитализација на работењето на компаниите од секторот туризам на денеска ќе бидат презентирани на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид.

Презентацијата е дел од Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на швајцарската агенција за развој и соработка, во партнерство со Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид и Факултетот за туризам и угостителство – Охрид при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.

– На настанот ќе бидат презентирани дигитални производи и услуги во сегментот на е-резервации, е-плаќања, е-продавници, дигитално мени, дигитална рецепција, веб страници, дигитален маркетинг и промоција, управување со човечки ресурси, финансии и слично, соопштија организаторите.

На настанот, предвидено е да учествуваат сите компании од секторот туризам, кои се заинтересирани за дигитални решенија и дигитализација на нивните бизниси.

Време: Настанот ќе се одржи на 7-ми јуни 2022 година, со почеток во 11:00 часот.

Место: Настанот ќе биде организиран во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“- Охрид.

Пријавување: Пријавувањето се прави електронски преку пополнување на Форма за регистрација – https://bit.ly/3wLxLvI. Сите заинтересирани учесници кои ќе ја пополнат Формата за регистрација ќе добијат потврда за присуство на настанот.

Јазик: Работен јазик на настанот е македонски.

Повеќе информации на: https://ime.org.mk/mk/digital-solutions-for-tourism/