Минатата година од Фондот за здравствено и инвалидско осигурување биле исплатени рекордни милијарда денари за боледување. Точната сума е 997.187.553 денри, или околу 16,3 милиони евра.
Тоа е за 3,7 милиони евра повеќе од 2020 и за околу 2,1 милиони евра повеќе во однос на 2019-та.
„На ниво на држава, на секои 1.000 вработени осигуреници, 41 осигуреник користеле право на боледување на товар на ФЗОРСМ, известуваат од фондот во годишниот извештај за 2021.
Бројот на боледувања потради заболувања изнесувал 18.531 и е за повеќе од 4.000 поголем од една година претходно. Минатата година биле одобрени вкупно 24.169 права на сите видови на боледувања, што е раст од 23 отсто.
Вкупните расходи на фондот изнесувале 35,6 милијарди денари, слична сума колку и една година претходно во 2020.
Надоместокот за боледување во првите 30 дена го исплаќа работодавачот, а потоа е на товар на здравствениот фонд.